Background

Шест лица загинаа, а најмалку 34 се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи во една од омилените туристички дестинации во Италија

Шест лица загинаа, а најмалку 34 се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи во една од омилените туристички дестинации во Италија.

Несреќата се случила во регионот Умбрија, кога кампер од засега непознати причини преминал во спротивната сообраќајна лента и директно се судрил со туристички автобус. По ударот, во автобусот удриле уште три автомобили, чии возачи не успеале навреме да закочат.

Трагедијата се случила во неделата вечерта на државниот пат „SS79“, меѓу градовите Терни и Риети.

- Advertisement -
Ad image

Од силината на ударот, камперот бил целосно уништен, а фотографиите од местото на несреќата покажуваат тешко оштетен автобус, искршени предни стакла, откинати влезни врати и делови од возилата расфрлани по патот.

 

 

На местото веднаш пристигнале голем број екипи на итната медицинска помош, а повеќе тешко повредени лица биле транспортирани со хеликоптери до блиските болници.

Шест лица се во критична состојба, додека уште две лица се здобиле со тешки повреди. Меѓу повредените, според италијанскиот јавен сервис РАИ, има и едно дете.

Според италијанските медиуми, на местото на несреќата загинале шест лица – двајцата возачи и четворица патници. Од нив, двајца биле патници во камперот, а двајца во туристичкиот автобус. Идентитетите на загинатите засега не се објавени.

Патниците од автобусот патувале кон познатите водопади Марморе, вештачки водопади изградени уште во времето на старите Римјани, додека патниците од камперот се враќале од Терни.

Претседателката на регионот Умбрија, Стефанија Прожети, изјави дека спасувачките екипи по пристигнувањето на местото на несреќата се соочиле со „незамислива глетка која долго ќе ги прогонува“.

 

 

– Тоа беше голема и катастрофална вонредна состојба. Веднаш ги активиравме сите соодветни протоколи, уште пред екипите на итната помош да пристигнат на местото – изјави Прожети.

Таа им оддаде признание на спасувачите кои интервенирале во исклучително тешки услови, како и на повредените и нивните семејства.

– Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите – порача претседателката на регионот.

Италијанската полиција отвори истрага за да се утврдат причините за несреќата. Патот бил затворен додека траела спасувачката операција и отстранувањето на уништените возила.

 

 

Несреќата се случила за време на првиот викенд од летните одмори во Италија, кој локалните медиуми го нарекоа „црн викенд“ поради големиот број сообраќајни несреќи.

Според податоците на опсерваторијата „Sapidata-Asaps“, од петокот до неделата во сообраќајни несреќи низ Италија загинале најмалку 31 лице.

Меѓу жртвите има и 14-годишно девојче и двајца 17-годишни млади мажи.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation