Тринаесет секунди можеби не звучат многу. Но, на дипломатски самит исполнет со камери, тоа беше доволно за да се роди нова интернет сензација.
При пристигнувањето на самитот на Г-7 во Горна Савоја во Франција, шефот на САД најпрво се ракуваше со Емануел Макрон. Поздравот траеше кратко. Потоа следеше поздравот со Брижит Макрон и токму тој момент го привлече вниманието на присутните.
Според дел од медиумите и набљудувачите, ракувањето траело околу 13 секунди, што е значително подолго од вообичаените дипломатски поздрави.
На социјалните мрежи веднаш почнаа споредби со натпревар во издржливост, додека други го опишаа моментот како непријатен и необично напнат.
Необичното ракување доби дополнително внимание и поради претходните коментари на Трамп за брачниот однос на Макронови.
Во мај 2025 година снимка од авион на која Брижит Макрон го оттурна францускиот претседател стана светски хит. Трамп подоцна јавно се пошегува на сметка на двојката и оцени дека Брижит се однесува „екстремно лошо“ кон својот сопруг.
Макрон тогаш возврати дека таквите коментари не се во духот на дипломатската комуникација.
Ова не е првпат ракувањата на Доналд Трамп и Макрон да предизвикаат внимание.
Уште при нивната прва средба во Брисел во 2017 година, двајцата лидери имаа долго и цврсто ракување кое тогаш беше анализирано како своевиден тест на политичка и лична доминација.
Во годините што следуваа, нивните односи се движеа од блискост до остри несогласувања околу царините, Украина и Иран.
Иако самитот е посветен на големи геополитички прашања, од војните до глобалната економија, токму краткиот момент пред камерите повторно стана една од најсподелуваните сцени од собирот.
Понекогаш доволни се 13 секунди за да се украде целото шоу.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
