Северина им се обрати на своите следбеници на Инстаграм со необична молба. Пред големиот концерт во загрепската Арена, кој е закажан за 15 декември, пејачката се соочува со дилема – кои песни да ги отпее, а кои да ги изостави од репертоарот.
Во видеоснимка долга шест и пол минути, снимена во опуштена домашна атмосфера, таа бара помош од публиката. Облечена во црно, со очила и мобилен телефон во рацете, сместена во удобна фотелја, Северина открива дека домашните постојано ја прашуваат што ќе пее на концертот.
– Еве, ако најдете шест и пол минути да го погледнете видеото… Па да ме спасите од моите домашни, кои постојано ме прашуваат што ќе пеам, и да ми напишете кои од песните што вообичаено ги пеам, овојпат во загрепска Арена, да ги исфрлиме? Инаку, концертот ќе трае од три до шест часа, зависно од тоа колку песни ќе вметнеме од моите, а колку од вашите – напиша пејачката покрај видеото на Инстаграм.
Северина зад себе има богата музичка кариера и бројни хитови што публиката со години ги пее во еден глас. Токму затоа изборот на песни за големиот концерт не е едноставна задача, па таа реши дел од одговорноста да им ја препушти на своите обожаватели иако лично смета дека најдобар концерт е оној на кој сите ги знаат песните што се на репертоарот.
Наместо раскошни сценски костими и рефлектори, овојпат пејачката покажа сосема поинаква, секојдневна страна од својот живот.
Tagged as:
СЕВЕРИНА ВО ДОМАШНА АТМОСФЕРА МАКА МАЧИ СО РЕПЕРТОАРОТ ЗА КОНЦЕРТОТ ВО ЗАГРЕБ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
