Background

Жешките теми за Косово, Русија и за ЕУ малку ќе почекаат

Александар Чупиќ, новоизбраниот претседател на српскиот парламент, нема да присуствува на самитот на Европската Унија и Западен Балкан, кој ќе се одржи во среда, на 25 ноември, во Брисел, соопшти Делегацијата на ЕУ во Србија.

Чупиќ, кој доби покана од претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, изразил жалење што нема да може да присуствува. Причината за неговото отсуство не е соопштена, а засега не е познато ниту дали некој друг ќе ја претставува Србија на самитот.

Знае што го чека?

- Advertisement -
Ad image

Веста доаѓа во време кога медиумите во Србија откриваат детали за досегашните разговори меѓу претставниците на Студентската листа и европските претставници во Брисел. Според сведоштвото на членката на делегацијата Ана Димитријевиќ, меѓу главните теми биле Косово, санкциите против Русија и европскиот пат на Србија.

Димитријевиќ, професорка во Деветтата белградска гимназија и кандидатка на Студентската листа, изјавила дека делегацијата во Брисел го изнела ставот на листата против признавање на Косово. Во разговорите, како што рекла, била нагласена потребата од подобрување на безбедноста и условите за живот на луѓето во Косово, како и од исполнување на претходните договори од страна на Приштина.
За санкциите против Русија, Димитријевиќ рекла дека ставот на Студентската листа е Србија да не ги воведува. Таа тоа го образложила со зависноста на земјата од рускиот гас, економските прилики, расположението во Србија и искуството на српските граѓани со санкциите.

Според неа, Студентската листа останува на европскиот пат, но конечната одлука за членството во ЕУ треба да ја донесат граѓаните, откако земјата ќе ги исполни условите за пристапување. Димитријевиќ рекла и дека за новата власт приоритет ќе бидат внатрешните реформи, владеењето на правото, борбата против корупцијата и слободата на медиумите.

Пропуштена шанса или „мајка бежанија“?

Потпретседателот на Европското движење во Србија, Владимир Меѓак, оцени дека отсуството на Чупиќ од самитот е пропуштена можност новата власт да се претстави во Брисел. Тој смета дека некој од Србија требало да присуствува и дека на граѓаните треба да им се објаснат причините за неодењето.

Чупиќ беше избран за претседател на српското Собрание како кандидат на Студентската листа, која победи на изборите. Тој истовремено ја врши и должноста претседател на Србија, додека земјата сè уште чека избор на нова политичка влада и премиер.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖