Левиот бек на ГФК Охрид Лихнидос, Давор Росиќ, е меѓу 24-те фудбалери што селекторот Александар Таневски ги повика во македонската репрезентација до 21 година за контролниот натпревар против Србија. Мечот се игра на 12 ноември на стадионот „Караѓорѓе“ во Нови Сад.
Повикот е уште една потврда за стабилните партии на младиот играч На ГФК Охрид Лихнидос, кој оваа сезона се повеќе им задава маки на противничките екипи, а неодамна блесна и во убедливата победа на ГФК Охрид Лихнидос над Шкупи со 0:3. Многумина го нарекуваат новото младо чудо во македонскиот фудбал.
Голмани: Љупче Џеков (Силекс), Даниел Диковски (Вардар), Натаниел Димовски (Пелистер).
Одбрана: Златко Радевски (Тетекс), Андреј Велков (Брегалница), Давор Росиќ (Охрид), Ѓорѓе Џеков (Силекс), Лука Атанасовски (Тетекс), Адис Мурати (Башкими), Андреј Аризанковски (Шкендија), Ѓорѓе Танчев (Брера).
Среден ред: Васил Тасовски (Младост Лучани, Србија), Теодор Николовски (Тиквеш), Илија Масларов (Лугано, Швајцарија), Никола Манојлов (Силекс), Мартин Ѓорѓиевски (Банска Бистрица, Словачка), Лука Трпевски (Црвена Звезда, Србија), Горјан Цветков (Скопје).
Напад: Никола Величковски (Скендербег, Албанија), Димитар Данев (Вардар), Адмир Љатифи (Осиек, Хрватска), Аритон Мехмед (Шкендија Арачиново), Игор Ристов (Брера), Димитар Трајков (Влора, Албанија).
Селекторот Александар Таневски истакна дека екипата очекува сериозен тест против исклучително квалитетна селекција. Србија е домаќин на Европското првенство до 21 година и со овој состав има високи амбиции, па натпреварот е одлична можност да се проверат македонските можности против силен противник.
Поголемиот дел од составот го сочинуваат фудбалери родени во 2006 и 2007 година, кои треба да бидат носители на репрезентацијата во следниот квалификациски циклус. Покрај нив, ќе има и неколку фудбалери родени во 2005 година, кои поради возрасната граница нема да имаат право на настап во следниот циклус, но, според Таневски, станува збор за играчи со потенцијал и квалитет за А репрезентацијата.
Играчите од помладите генерации, кои беа дел од претходниот собир, овојпат ќе бидат на располагање на селекторите на соодветните младински селекции, кои ги очекуваат квалификациски натпревари. Таневски нагласи дека во Фудбалската федерација работат според заеднички концепт, со цел развој на играчите и напредок на репрезентативниот фудбал.
Иако станува збор за пријателски натпревар, тој, според селекторот, има големо значење, бидејќи ќе покаже како екипата функционира и реагира против силен противник и ќе даде појасна слика за работите на кои треба да се посвети внимание.
С.Д.
Tagged as:
Александар Таневски ГФК Охрид Лихнидос ГФК Охрид Лихнидос Втора лига Давор Росиќ репрезентација лев бек Охрид Македонија Србија до 21 млади таленти македонски фудбал Охридски фудбалер во репрезентација до 21 репрезентација до 21 година список на Македонија до 21 година список Таневски Србија Македонија У21 Нови Сад
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
