Брод за кој се верува дека превезувал околу 160 мигранти се запали денеска при обид за преминување на Ламанш, што предизвика голема операција за пребарување и спасување. Патниците скокале во водата, од каде се извлечени и однесени во болници. Бидејќи бродот почнал да тоне, патниците почнале да скокаат во водата.
Според првичните информации, пожарот избувнал утрово околу шест часот кога моторот на бродот се запалил додека се наоѓал во француските територијални води, објави „Телеграф“.
Во операцијата учествуваа британската и француската крајбрежна стража, како и спасувачкиот брод на Кралската национална служба за спасување (RNLI) од Истборн, со цел безбедно враќање на мигрантите на францускиот брег.
Во последните години значително се зголеми бројот на луѓе што го преминуваат Ламанш во мали чамци.
Просечниот број патници по брод се зголеми од седум во 2018 година на 63 во периодот што заврши во март оваа година, додека достигна 70 минатиот месец.
Во јули беше поставен рекорд кога дури 165 мигранти го преминаа Ламанш со еден брод.
Портпаролот на британската крајбрежна стража изјави дека пожарот се случил во француската зона за пребарување и спасување и дека британски бродови и спасувачки брод помагаат во операцијата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
