Се очекува зголемување на прагот од 2% од БДП за земјите од сојузот

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

НАТО нема да го поддржи предлогот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за зголемување на трошоците за одбрана на пет отсто од БДП, но најверојатно ќе се согласи на повисоки распределби од сегашната маргина од два отсто од БДП.

Трамп во вторникот рече дека земјите-членки на Организацијата на Северноатлантскиот договор треба да трошат пет отсто од својот БДП за одбрана, што е многу повисоко од сегашната цел од два отсто и износ што досега не бил обезбеден од ниту една земја членка, вклучително и САД.

Изјавата на Трамп, дадена на прес-конференција каде што тој предизвика бура со личните забелешки за Гренланд, Канада и Панама, потсети на неговиот фокус на трошоците за одбрана на НАТО за време на неговиот прв мандат и неговите закани дека нема веќе да ги заштити сојузниците кои нема да ја исполнат зададената цел.

Официјални претставници на земјите-членки на НАТО рекоа дека се согласуваат дека трошоците за одбрана треба да се зголемат, но не ја поддржуваат целта од пет проценти од БДП, што според аналитичарите би било политички и економски неостварливо за повеќето членки и би значело стотици милијарди американски долари во дополнителни трошоци.

Новата цел најверојатно ќе биде договорена на самитот на НАТО во Хаг во јуни, поради стравувањата дека Русија би можела да нападне членка на НАТО по Украина и притисокот на Трамп, изјавија официјални лица.

Клучните отворени прашања се колку голема ќе биде таа нова цел и дали ќе биде доволна за Трамп.

Некои очекуваат 32-те земји-членки на НАТО да се договорат за цел од околу три проценти од БДП. За многумина дури и тоа би било премногу затоа што сè уште или едвај ја исполниле целта од два проценти, десет години по нејзиното поставување.

– Се чини дека ќе има промена – изјави италијанскиот министер за одбрана Гидо Крозето за Ројтерс.

„Мислам дека нема да бидат пет проценти, што сега би било невозможно за речиси секоја нација во светот, но… нема да бидат ни два проценти, што и сега тешко ги исполнуваме, но ќе да биде повеќе од два“. рече министерот Крозето.

- Advertisement -
Ad image

Италија троши околу 1,5 отсто од БДП за одбрана и е меѓу осумте земји-членки на НАТО кои не ја исполнуваат целта од два отсто.

Полска, која граничи со Украина, троши најмногу за одбрана од сите членки на НАТО. Минатата година за одбрана потрошила 4,12 отсто од БДП, според проценките на НАТО. Следат Естонија со 3,43 отсто и САД со 3,38 отсто.

Според проценките на НАТО, земјите-членки издвоиле 1,474 билиони американски долари за одбрана во 2024 година – САД околу 968 милијарди, а европските земји и Канада 507 милијарди долари. Вкупниот просек е околу 2,71 отсто од БДП на НАТО.

- Advertisement -
Ad image

Некои официјални лица и аналитичари веруваат дека предлогот на Трамп од пет проценти е намерно висок за почеток на преговорите и очекуваат дека тој може да се согласи на нешто поблиску до три проценти.

За време на кампањата минатата година, Трамп предложи цел од три проценти, додавајќи дека тоа ќе значи зголемување на буџетот за одбрана од околу 30 проценти за повеќето земји-членки

Share This Article