Background

Агрометеоролозите алармираат на опасност од мраз

Ниските температури, особено оние под нулата што беа измерени деновиве на некои повисоки места (Демир Хисар, Берово, Делчево, од -0,8 до -2,3 степени), може да предизвикаат сериозни штети во земјоделството, предупредуваат агрометеоролозите и апелираат, производителите итно да ги соберат сите дозреани плодови на отворено, ако сакаат да го спасат родот.

На удар се, велат, пиперката, доматот и компирот, како и доцните сорти грозје.

– Температурите под нулата во овој дел од септември претставуваат ран есенски мраз кој може да предизвика сериозни штети кај културите кои сè уште се во активна вегетација. Влијаат врз зеленчукот и овошјето кои сè уште не се прибрани. Кај едногодишните култури на кои повеќе им одговара топло време, како пиперката, доматот и компирот, можна е појава на оштетувања на листовите и на плодовите, а доколку грозјето од доцните сорти сè уште не е собрано, овие ниски температури можат да ја намалат содржината на шеќер во зрната. Поради тоа, се советува, земјоделците итно да ги соберат сите дозреани плодови на отворено за да го спасат родот – порачуваат агрометеоролозите од УХМР.

- Advertisement -
Ad image

Останатите култури се во период на предсеидбена подготовка.

– На оваа фаза треба да ѝ се посвети посебно внимание. Површината на почвата треба длабоко да се обработи, а по ова да следи дополнителна површинска обработка за да се создаде растресит и иситнет слој во кој правилно ќе се посее семето. Паралелно со обработката, треба да се изведе и основното ѓубрење како клучна агротехничка мерка, бидејќи поголемиот дел од нашите почви се скудни со азот и фосфор, на што мора да се обрне посебно внимание, а со ваквата правилна и навремена обработка се создаваат оптимални услови за акумулирање доволно влага во почвата и се стимулира активноста на корисните почвени микроорганизми, објаснуваат агрометеоролозите.

Се препорачува земјоделските производители да продолжат со активностите и грижата за нивните посеви.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖