Background

СДСМ: Конфликт на интерес кај Андоновски, Славески го постави човекот што ги издавал лиценците во Алта банка

Наместо да даде оставка Гувернерот Трајко Славевски носи нови штетни одлуки. Се што прави е да го заташка скандалот со Алта банка.
Илија Андоновски, кој е привремен администратор на Алта банка, е човекот кој им ги издал лиценците на акционерите и членовите на Управниот и Надзорниот одбор, откако претходно била дадена дозволата за работа на банката.
Од мај 2025 година, тој бил директор на Дирекцијата за вонтеренска супервизија и лиценцирање.
Ова е класичен конфликт на интерес.
Не може човек што бил дел од процесот за одобрување на Алта банка да влезе во Македонија сега да биде на оваа позиција.
Андоновски е директна пречка во проверка на претходното постапување на Народна банка со одобрување на влезот на Алта банка.
Или улогата е да се ибришат докази и да се заташка случајот? Да се спасат сите од одговорност?
СДСМ предупреди уште пред 11 месеци дека се работи за про-режимска банка создадена од криминалните кланови на претходниот режим во Србија.
Славевски бараше да не тужат, па потоа велеше дека се е во ред. За денеска луѓето да не можат да дојдат до своите пари.
Сега се најавува продажба на нов сопственик за нелогични рокови од 10 дена.
Кој би сакал да земе банка со ваква репутација и банка која е под истрага во Србија, во Црна Гора, но и во ЕУ поради сомнеж за потеклото на капиталот?
Ниту една релевантна банка не би купила, бидејќи би знаела дека ќе си го урне сопствениот кредибилитет, особено во овој момент додека истрагата е во тек.
Имаме информации од свиркачи во НБРМ дека се врши притисок врз некои потенцијални купувачи, на кои им се нудат идни привилегии од страна на власта.
Предупредуваме да не се прави истата грешка како српскиот купувач при иницијалното преземање на Стопанска банка Битола.
Јавно прашуваме дали Мицкоски врши притисок врз една странска банка?
Какви врски има таа банка со неговите финансиери на лобистички услуги и дали постојат уште некои врски со државниот врв на земјата од која доаѓа?
Доколку Мицкоски и гувернерот Славески не дадат одговори на овие прашања веднаш, очекуваме обвинителството да се огласи.
Обвинителството мора да реагира.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖