Background

Европската комисија ги потврдува отпорноста на банкарскиот сектор и јакнењето на финансиската стабилност

Европската комисија ги потврдува отпорноста на банкарскиот сектор и јакнењето на финансиската стабилност, соопшти Народна банка (НБ), коментирајќи го најновиот извештај на ЕК.

-Во Извештајот за нашата земја за 2026 година Европската комисија го оценува банкарскиот сектор како отпорен, со солидна капитализираност, квалитет на кредитното портфолио и профитабилност. Воедно, се нотираат активностите на Народната банка за зајакнување на финансиската стабилност и усогласување со европските стандард- велат од НБ.

Во Извештајот се истакнува дека Народната банка останува посветена на водењето на монетарната политика во рамките на одржување на ценовната стабилност, истовремено зајакнувајќи ги макропрудентните инструменти и надзорната рамка.Преземени се активности за подобро управување со ликвидноста, унапредување на монетарниот инструментариум и следење на климатските ризици.

- Advertisement -
Ad image

Со цел усогласување со регулативата на ЕУ, се препорачува земјата да ја зајакне финансиската независност на Народната банка.

Во услови на забрзан раст на станбените кредити и кредитите кон градежништвото, како и на цените на недвижностите, Народната банка ги заостри макропрудентните мерки за кредитирањето, вклучително и за кредитите обезбедени со недвижност, направи промени во задолжителната резерва и ја зголеми стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот. Овие активности се насочени кон ограничување на ризиците и зачувување на отпорноста на банкарскиот сектор.

Од Народна банка додаваат и дека Европската комисија го потврди и напредокот во усогласувањето со европската регулаторна рамка.

-Законот за решавање банки, усогласен со европската рамка за решавање и зајакнување на кредитните институции, стапи во сила во јуни 2026 година, што во Извештајот е оценето како значаен чекор напред. Во јули беше усвоена и нова методологија за управување со ризикот од каматните стапки во портфолиото на банкарски активности – велат оттаму.

Напредок е постигнат и во областа на плаќањата. Земјата е оперативно подготвена за учество во СЕПА-шемите од октомври 2025 година, а во јули 2026 година Народната банка го потпиша договорот со Европскиот совет за плаќања за пристапување кон шемата за инстант кредитни трансфери (SEPA Instant Credit Transfer).

-Оценките на Европската комисија ја потврдуваат отпорноста на домашниот банкарски сектор и континуираниот напредок во јакнењето на финансиската стабилност. Народната банка и во иднина ќе продолжи да придонесува за одржување на ценовната и финансиската стабилност и за усогласување со европската регулатива – оценува Народна банка.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖