Извештајот на ЕП го посочува странското мешање во Македонија, руското, српско и кинеско влијание
Европскиот парламент во својот извештај за Македонија јасно и недвосмислено укажува на сериозни ризици од странско мешање и влијание кое директно го загрозува европскиот пат на државата.
СДСМ навреме предупредуваше и гласно зборуваше за овие ризици а очигледно е дека ситуацијата е многу посериозна.
Во извештајот се нагласуваат руските напори за проектирање влијание, кинеското економско и политичко влијание, како и растечките врски со Србија која спроведува илиберална агенда во регионот.
Европратениците изразуваат загриженост од регионалните наративи и влијанието на „српскиот свет“ кое е насочено против европската ориентација на Македонија.
Ова не е прв пат Европскиот парламент да укажува на овие опасности.
Но, ова е прв пат кога ваквите предупредувања доаѓаат во момент кога Владата на Христијан Мицкоски отворено ја копира политиката на Вучиќ и „српскиот свет“ и во реторика, и во наратив, и во политичкиот модел.
Додека Мицкоски и ВМРО секојдневно го туркаат антиевропскиот наратив, го навредуваат секој што се залага за ЕУ и ја блокираат европската иднина на граѓаните, Европскиот парламент јасно порачува дека странското мешање – руско, кинеско и преку регионални актери, станува сериозна закана за Македонија.
Наместо да се бори против овие влијанија, Владата на Мицкоски активно учествува во нивното ширење.
Наместо да ја зајакнува отпорноста на државата, ја слабее преку политички прогон, контрола на медиуми и откажување од реформи.
Европскиот парламент го кажа она што граѓаните го чувствуваат секој ден.
Македонија е изложена на странско влијание, а Владата на Мицкоски не само што не го спречува, туку активно придонесува за него.
СДСМ останува јасно и доследно на страната на европскиот пат, на владеењето на правото и на отпорноста од секое странско мешање – било тоа руско, кинеско или регионално.
Граѓаните заслужуваат Македонија да биде дел од Европа, а не заложник на туѓи интереси и туѓи наративи.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
