Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руските сили погодиле товарен брод во пристаништето на украинскиот црноморски град Одеса.
Според руското Министерство, бродот превезувал товар со двојна намена, наменет и за потребите на украинската армија.
„Во пристаништето во Одеса е погоден товарен брод што доставувал товар со двојна намена за Украина“, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана објавено на Телеграм.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта бил извршен напад и врз акумулаторски парк во Киевската област, од кој со електрична енергија се снабдувале воени објекти во Украина.
„Како резултат на нападите во Киевската област, во населбата Бела Црква е погоден акумулаторски парк за складирање електрична енергија, што снабдувал објекти на украинскиот военоиндустриски комплекс“, се наведува во соопштението.
Tagged as:
РУСИТЕ НАПАДНАА ТОВАРЕН БРОД ВО ПРИСТАНИШТЕТО ОДЕСА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
