Background

Две шпански компании ја купуваат најголемата светска компанија за производство на маслиново масло

Конзорциумот формиран од конкурентските шпански производители  „Дкуп“ (Dcoop) и „Ацесур“ (Acesur) постигна договор за преземање на најголемата компанија во светот за производство на маслиново масло „Деолео“ (Deole) светот и сопственик на познатите брендови како Carbonell, Bertolli и Carapelli .

Зделката е вредна 520 милиони евра и ако се реализира ќе создаде нов голем играч на регионалниот пазар на маслиново масло. Тоа е бизнис што дополнително би ја зајакнал доминацијата на Шпанија во тој сектор.

Дкуп и Ацесур како што е најавено ќе имаат по 50% удел во „Деолео“.

- Advertisement -
Ad image

Целта на ова партнерство е стабилизирање на пазарот, зголемување на глобалната потрошувачка на маслиново масло и обезбедување долгорочна сигурност за земјоделците и производителите во Европа.

Деолео ја потврди понудата која ја вклучува вредноста на компанијата и долгот од 520 милиони евра.

Dcoop претходно понудил 470 милиони евра за Deole.

– Оваа пресвртница го означува почетокот на нова фаза, заснована на цврсти темели и долгорочна визија, со цел да се продолжи со создавање вредност за секторот и сите наши засегнати страни“, изјави извршниот директор на „Деолео“, Кристобал Валдес.

Тие потсетуваат дека оваа вест доаѓа по сè поинтензивната борба за преземање на компанијата помеѓу Дкоп и мултинационалните компании, меѓу кои имаше и компании од Италија, Франција и Австралија.

Оваа спогодба ја задржува компанијата под шпанска сопственост, што беше голема грижа за тамошната влада со цел да се спречи светскиот лидер во оваа стратешка гранка да падне во рацете на странски инвеститори.

Веднаш по објавувањето на договорот, вредноста на акциите на Deoleo на берзата забележа остар пад од 19,9%, што е вообичаена реакција при консолидација и преземање на контролирачкиот пакет од пазарот

Шпанија е еден од водечките светски производители на маслиново масло, а цените на нејзиниот пазар често служат како глобална референтна вредност. Цените на маслиновото масло беа многу нестабилни во последните години поради големите флуктуации во понудата од сезона во сезона. Меѓу факторите што влијаеја на производството беа климатските промени, недостатокот на вода и штетниците и болестите.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖