Background

РИБАТА СО ЗАЈАЧКИ УСНИ ЈАДЕ СЀ ПРЕД СЕБЕ Грција ќе им нуди пари на рибарите да ја ловат за потоа да се уништува во специјални постројки

План за справување со ширењето на морската риба Lagocephalus sceleratus, која е отровна и опасна за консумација и нанесува голема штета на опремата на рибарите, но не е закана за капачите, доставило Министерството за земјоделство и храна на Грција до Европската комисија и по примерот на Кипар се разгледува можноста за воведување парична награда за рибарите за нејзино ловење, според генералниот секретар во Министерството Спирос Протопсалтис, јави дописничката на МИА од Атина.

Во интервју за државната телевизија ЕРТ Протопсалтис нагласи дека нема простор и причина за паника кај капачите, бидејќи во Грција бил регистриран само еден случај на каснување во 2022 година на Крит, а за написите во медиумите дека напаѓа капачи, нагласи дека се лажни вести.

Тој објасни дека рибата во 2005 првпат била откриена кај Родос и кај Крит, дошла од Суецкиот Канал и Црвеното Море, сака потопла вода, а со зголемувањето на температурата на морето, многу брзо се шири, што предизвикува загриженост, додека пак најголемиот проблем е што не ја јадат другите риби во Медитеранот.

- Advertisement -
Ad image

Друг голем проблем, додаде, е штетата што им ја прави на рибарите, поради силните заби ги оштетува рибарските мрежи, јадиците и другата опрема, а истовремено претставува закана за морскиот екосистем бидејќи станува збор за многу агресивна месојадна риба што се храни со риби, ракчиња, октоподи и други морски организми.

– Не постојат магични решенија, ниту рибата ќе исчезне – посочи генералниот секретар во Министерството за земјоделство и храна на Грција, објаснувајќи дека веќе е изработена програма за ловење на овој вид риба од страна на професионалните рибари, со финансиски надомест по примерот на слична програма што со години се спроведува во Кипар.

Тој објасни дека на Кипар, рибарите добиваат 4,73 евра за килограм уловена риба, а со оваа програма во последните години имаат уловени околу 100 тони.

– Ја разгледуваме оваа програма. Министерството веќе подготви план кој е доставен до Европската комисија и очекуваме одобрување, се обидуваме да ја утврдиме и цената, бидејќи тоа е предмет на преговори. Кога разговаравме со нашите рибари оваа цена од 4,73 евра за килограм не е доволно привлечна за нив и за да се постигне целта треба да постои вистински стимул за рибарите – посочи Протопсалтис.

Тој објасни дека ваквите програми немаат драматичен ефект врз намалувањето на популацијата, но претставуваат важна финансиска поддршка за рибарите како надомест за штетите што ги трпат.

Дополнителен проблем е и отстранувањето на рибата, бидејќи „откако ќе биде уловена, не може едноставно да се фрли“, туку потребно е да се складира во специјални ладилници поради токсичноста, а потоа да се уништи во сертифицирани постројки за согорување за што постојат строги, сложени и скапи европските прописи и процедури за управување со токсичен отпад што ја прави оваа постапка сложена и скапа.

Генералниот секретар во Министерството за земјоделство и храна посебно предупреди дека Lagocephalus sceleratus во никој случај не смее да се консумира, бидејќи е отровна риба, нешто што го посочија и од грчкиот Црвен крст во вторникот кога излегоа со упатства за прва помош при каснување од конкретната морска риба.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation