Познатиот италијански фотограф Оливиеро Тоскани, кој стоеше зад провокативните и контроверзни рекламни кампањи на модниот бренд „Бенетон“, почина денеска на 82-годишна возраст. Веста за смртта ја потврдија неговата сопруга и нивните три деца.
„Со голема тага објавуваме дека денеска – 13 јануари 2025 година, нашиот сакан Оливиеро тргна на своето следно патување“, се вели во соопштението.
Тоскани долго време беше рекламниот гуру на „Бенетон“ и организатор на неколку кампањи за време на најславните денови на компанијата за облека во 1980-тите и 90-тите. Неговите реклами прикажуваа, на пр. фотографија на маж кој умира од СИДА, калуѓерка и свештеник како се бакнуваат, изнемоштена жена која боледува од анорексија, како и низа портрети на американски осуденици на смрт.
Компанијата ја прекина соработката со Тоскани во 2020 година, по негови непристојни забелешки за уривањето на мостот во северниот италијански град Џенова во 2018 година, каде што загинаа 43 лица.
Во свое интервју во август, фотографот откри дека боледува од амилоидоза – ретка болест што води до откажување на органите. Тој рече и дека неодамна бил подложен на експериментален третман.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
