Украина ја демантираше денешната изјава на рускиот претседател Владимир Путин дека руските воени сили синоќа влегле во Украина од областа Курск, што ќе биде првпат по повлекувањето на руските сили од северна Украина во пролетта 2022 година.
„Последната информација што ја добив пред само еден час е дека синоќа борци од 810-та бригада ја преминале границата меѓу Русија и Украина“, изјави Путин во Москва, пренесуваат државните агенции Тасс и Риа Новости.
Рускиот претседател додаде дека овие сили дошле од руската област Курск, каде што украинските сили зазедоа неколку стотици квадратни километри минатото лето, а борбите се уште траат.
Украинските власти веднаш ја демантираа изјавата на Путин како „лажна“.
„Информациите на Путин за голема руска офанзива се лага“, изјави на Телеграм Андриј Коваленко, портпарол на Центарот за борба против дезинформации на украинската влада.
Според него, руска „разузнавачко-диверзантска група“ се обидела да влезе во Украина од областа Курск, но била „уништена“.