Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Киев секој ден губи одредена територија „во зоната на специјална воена операција“ во Украина и „затоа се фокусираше на тероризмот“.
Руските медиуми пренесуваат дека на синоќешната седница на Советот за безбедност на Русија, која беше посветена на обезбедувањето на изборите за Думата, Путин рече дека режимот во Киев и неговите спонзори се префрлиле на отворени терористички методи и дека расте ризикот од терористички закани во Русија.
– Знаеме дека и режимот во Киев и неговите спонзори се префрлиле на отворени терористички методи. Причините се очигледни, тие се јасни за сите, непријателот не е во состојба да го запре напредувањето на нашите сили, нашите момчиња по линијата на контакт – нагласи Путин.
Рускиот претседател истакна дека Киев сè повеќе извршува напади со беспилотни летала врз цивилната инфраструктура.
По повод претстојните есенски избори за Думата, тој нареди да се спречат сите видови провокации, вклучително и оние од странство.
– Украина не одржува избори и ќе се обиде да ги спречи во Донбас. Оние кои им го негираат на Донбас и Новоросија нивното историско право да бидат дел од Русија, ќе се обидат да го спречат гласањето таму – рече Путин.
Како што додаде, граѓаните на Донбас, за кои рече дека се нови руски региони, за првпат годинава ќе избираат пратеници на федерално ниво.
Се очекува денот за гласање да биде 20 септември.
Tagged as:
Путин смета дека тоа станува главна тактика на Украина
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
