Background

Претседателот на САД, Доналд Трамп им рекол на своите помошници да се подготват за продолжена блокада на Иран, објави вчера Волстрит џурнал, повикувајќи се на американски претставници

Претседателот на САД, Доналд Трамп им рекол на своите помошници да се подготват за продолжена блокада на Иран, објави вчера Волстрит џурнал, повикувајќи се на американски претставници.

На неодамнешните состаноци Трамп одлучил да продолжи да врши притисок врз економијата и врз извозот на нафта на Иран, со блокирање на превозот до и од иранските пристаништа. Тој верува дека другите опции, вклучително и продолжување на бомбардирањето или откажување од конфликтот, носат поголем ризик од одржувањето на блокадата.

Вчера беше објавено дека Иран им дал на Соединетите Американски Држави предлог за повторно отворање на Ормускиот Теснец и за завршување на војната, но на Трамп не му се допаѓа предлогот.

Критики за изјавите на Трамп

- Advertisement -
Ad image

Трамп на својата социјална мрежа Трут соушл објави дека Иран го информирал дека земјата е во состојба на колапс.

„Иран штотуку нè информираше дека е во состојба на колапс. Тие сакаат што поскоро да го отвориме Ормускиот Теснец, додека се обидуваат да ја решат ситуацијата со нивното лидерство (во што верувам дека ќе успеат!)“, објави тој.

Изјавите на Трамп се проследени со критики. Германскиот канцелар Фридрих Мерц оцени дека САД се „понижени“ од Иран, сугерирајќи дека Техеран ја надмудри администрацијата на Трамп во застојните преговори.

Детали за иранскиот предлог

Најновата анкета на Ипсос покажа дека поддршката за американскиот претседател падна на најниско ниво од неговиот тековен мандат, бидејќи Американците се сè повеќе незадоволни од растечките трошоци за живот и непопуларната војна со Иран.

Просечните цени на горивата во САД  се искачија на највисоко ниво од почетокот на војната со Иран, поради страв од продолжена енергетска криза, додека Вашингтон и Техеран се чини дека се во ќорсокак околу предлогот за повторно отворање на Ормускиот теснец и прекин на двомесечниот застој на поморскиот сообраќај.

Иранските власти објавија детали за повеќестепениот предлог што Техеран наводно го испратил до Вашингтон. Според планот, прво ќе се преговара за отворањето на Ормуз, а чувствителното прашање за збогатувањето на ураниумот на Иран ќе се стави настрана додека не заврши војната и не се решат споровите околу поморскиот сообраќај.

Иран не се откажува од збогатување ураниум 

Првиот чекор е САД и од Израел да го запрат нападот врз Иран и да гарантираат дека нема да го продолжат. Во втората фаза двете страни би ги укинале блокадите на Ормускиот Теснец. Ова би ја ослободило трговијата преку една од клучните светски бродски линии за извоз на нафта, која Иран сака повторно да ја отвори под своја контрола.

Конечно, третиот чекор вклучува преговори за нуклеарната програма на Иран, при што Техеран бара американско признавање на неговото право да збогатува ураниум.

Портпаролот на иранското Министерство за одбрана, Реза Талаеи-Ник вчера изјави дека Вашингтон „мора да се откаже од своите нелегални и ирационални барања“. Трамп, пак, рече дека не му се допаѓа планот.

Тој исто така објави дека во моментов го прави со Иран она што, според него, другите земји и претседатели требало да го направат одамна.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation