Background

Путин се сретна со Арагчи во Санкт Петербург

Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, јавија руските новински агенции.

– Почитуван господине министер, драги пријатели, дозволете ми срдечно да ве поздравам овојпат во Санкт Петербург. Би сакал на почетокот на разговорите да напоменам дека минатата недела добив порака од врховниот лидер на Иран – рече рускиот претседател на почетокот на средбата со иранската делегација предводена од Арагчи.

– Би сакал да ве замолам да ги пренесете моите најискрени благодарности за таа порака и да потврдам дека Русија, исто како и Иран, има намера да ги продолжи нашите стратешки односи – додаде рускиот лидер.

- Advertisement -
Ad image

Путин изјави дека Русија се надева оти иранскиот народ ќе го надмине сегашниот „тежок период“ и дека мирот ќе победи.

– Секако, многу се надеваме дека, водени од храброста и стремежот за независност, иранскиот народ, под раководство на својот нов лидер, ќе го надмине овој тежок период на искушенија и дека мирот ќе победи – изјави рускиот претседател.

Русија ќе направи сè во интерес на Иран и на другите земји во регионот, додаде Путин, цитиран од државната новинска агенција РИА.

– Од своја страна ќе направиме сè што одговара на вашите интереси, на интересите на сите народи во регионот, за овој мир да биде постигнат што е можно побрзо. Добро ја знаете нашата позиција – рече рускиот претседател.

– Гледаме колку храбро и херојски се бори народот на Иран за својата независност и својот суверенитет – истакна Путин.

– Како што правилно забележавте, пред целиот свет беше докажано дека иранскиот народ, благодарение на својот отпор, храброст и дух, успешно се избори против американските напади и агресија. Иран го издржа сето тоа и ќе опстои и во иднина – рече тој.

 

 

Арагчи му се заблагодари на Путин за поддршката за Иран.

– Благодарни сме за цврстата и силна поддршка за Иран – рече шефот на иранската дипломатија.

Тој исто така му се заблагодари на Путин за сочувството „во врска со маченичката смрт на покојниот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи“.

Арагчи изрази и „посебна благодарност“ за тоа што рускиот лидер веднаш му честитал на новиот врховен лидер на Иран за неговото именување – ајатолахот Моџтаба Хамнеи.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation