Background

ПУТИН ГАРАНТИРА ДЕКА НЕМА ДА УПОТРЕБИ НУКЛЕАРКА ВО УКРАИНА

Рускиот претседател Владимир Путин ги уверил американските преговарачи дека нема намера да употреби нуклеарно оружје во војната против Украина, изјави американскиот претставник во преговорите, Џаред Кушнер, кој заедно со Стив Виткоф води преговори во име на американскиот претседател Доналд Трамп со Киев и Москва, со цел постигнување мир во Украина.

– Тој се согласи да не употребува нуклеарно оружје, што очигледно е голема работа, и нè увери дека тоа не му е намерата – изјави Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, во германскиот поткаст MD Meets, чиј домаќин е извршниот директор на „Аксел Шпринагер“, Матијас Дефнер.

Кушнер исто така рече дека рускиот лидер покажал „воздржаност“ во конфликтот.

- Advertisement -
Ad image

Загриженоста од употреба на нуклеарно оружје кај САД и другите западни земји произлегува од постојаните закани од руските функционери и државните медиуми дека Путин би можел да посегне по тактичко нуклеарно оружје.

Кушнер ги отфрли и обвинувањата дека САД се премногу блиски со Москва.

– Не извршивме никаков притисок врз претседателот Зеленски или врз Украинците – рече тој, нагласувајќи дека Вашингтон се гледа себеси како посредник.

Тој додаде дека САД биле најголемиот финансиски поддржувач на Украина за време на војната и оти продолжуваат да споделуваат разузнавачки информации со Киев.

Истовремено, Кушнер ја обвини Украина дека го поткопува напредокот кон мировен договор преку наводен напад врз една од резиденциите на Путин.

– Имаше напад што Украинците го извршија врз куќа на Путин на крајот на декември, што мислам дека ги врати чекор назад – рече Кушнер, осврнувајќи се на напорите за изработка на мировен план со Путин.

Тој предупреди и на  опасност од ескалација на конфликтот во Украина, оценувајќи дека се претворил во „војна што се води преку посредници, во која Европа ја финансира и ја вооружува Украина во борбата против Русија“.

– Не е потребно многу за да дојде до сериозно влошување на ситуацијата – предупреди Кушнер.

Говорејќи за тешкотиите во преговорите меѓу Русија и Украина, Кушнер рече дека во моментов постои „ќор-сокак во врска со територијалното прашање“. Тој рече дека таков впечаток стекнале тој и Виткоф по „неколкучасовната средба со рускиот претседател Владимир Путин“.

Кушнер укажа и на одредена двосмисленост во односот на Европејците кон Русија.

– За време на оваа војна, Европа купила руска енергија во вредност од повеќе од 250 милијарди долари. Сметам дека Европа, всушност, ѝ платила на Русија повеќе пари во текот на војната отколку што ѝ обезбедила на Украина – изјави Кушнер.

Од друга страна, американскиот претседател, Доналд Трамп и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по средбата во Палм Бич на Флорида со заедничка изјава ја повикаа Русија да не ја проширува војната во Украина.

„Разговаравме за важноста Русија да избегнува какви било дејствија што, намерно или ненамерно, би ја прошириле војната што ја води, како и за значењето на постигнувањето мирно решение на конфликтот во Украина што е можно поскоро“, се наведува во заедничката изјава на двајцата лидери, објавена од Белата куќа по разговорот во приватната резиденција на Трамп.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖