Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун ги посети постројките за производство на нуклеарен материјал и истражувачките капацитети за развој на вооружувањето, при што порача дека земјата треба да се насочи кон распоредување тактичко нуклеарно оружје во различни оперативни области, јави севернокорејската новинска агенција КЦНА.
Ким истакнал дека производствените капацитети за нуклеарен материјал систематски се прошируваат и порачал дека статусот на Северна Кореја како држава што поседува нуклеарно оружје е „апсолутно неповредлив“, и покрај меѓународните повици за денуклеаризација.
Северна Кореја во 2006 година го изврши првиот нуклеарен тест и оттогаш продолжи со развојот на своите нуклеарна и балистичка програма, и покрај меѓународните санкции и повиците за денуклеаризација.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
