Background

Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија

Лидерите на Европската Унија ја истакнаа својата целосна и недвосмислена посветеност на перспективата за членство на Западен Балкан во ЕУ, нагласувајќи дека усогласувањето на партнерите од Западен Балкан со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ продолжува да биде силен израз на нивната стратешка посветеност, се нагласува во Декларацијата од самитот ЕУ – Западен Балкан.

„Иднината на Западен Балкан е во нашата Унија. Проширувањето е реална можност што треба да се искористи“, се нагласува во Декларацијата.

Сè понестабилната геополитичка ситуација, обележана со агресивната војна на Русија против Украина, конфликтите на Блискиот Исток и сè поинтензивната глобална конкуренција, ја нагласува потребата од сè посилни врски меѓу ЕУ и Западен Балкан, пишува во документот.

- Advertisement -
Ad image

„Ќе продолжиме да им даваме сеопфатна поддршка на Украина и нејзиниот народ во одбраната на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина од агресивната војна на Русија, во координација со партнерите кои ги делат истите вредности“, рекоа лидерите на ЕУ, додавајќи дека „ја поздравуваат поддршката на партнерите од Западен Балкан во овој напор“.

Декларацијата ја нагласува важноста на определбата на партнерите од Западен Балкан да ги почитуваат европските вредности и принципи, во согласност со меѓународното право.

„Потребни се решителни дополнителни напори за промовирање на помирувањето и регионалната стабилност, како и за наоѓање и спроведување конечни, инклузивни и обврзувачки решенија за регионалните и билатералните спорови на партнерите и прашањата што произлегуваат од наследството од минатото, во согласност со меѓународното право и воспоставените принципи“, се наведува во Декларацијата.

ЕУ, исто така, продолжува да ги поддржува Западен Балкан во борбата против кибер и други хибридни закани. Унијата ќе продолжи да го поддржува зајакнувањето на поврзаноста во регионот и со ЕУ, вклучително и во областите на енергетиката, транспортот и дигиталното поврзување, како и тековните напори за диверзификација на изворите и рутите за снабдување со енергија.

Соработката во областа на управувањето со миграцијата останува клучна, вклучително и поддршката на ЕУ во управувањето со миграциските предизвици долж западнобалканската рута.

„Заедничките напори треба да продолжат за спречување и сузбивање на корупцијата, трговијата со дрога и сите форми на сериозен и организиран криминал, како и за спречување и сузбивање на тероризмот и насилниот екстремизам“, се вели во Декларацијата од Самитот одржан во средата во Брисел.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖