Повеќе од 10.000 објекти се уништени во пожарите во областа на Лос Анџелес во изминатите три денови, соопштија властите.
Според проценките на компании, штетата би можела да достигне и до 150 милијарди долари, јави Би-Би-Си.
Жителите, кои беа евакуирани од подрачјата зафатени од пожарите, се вратија на местата кои изгореа во пожарот, а на многу од нив домовите им изгореа до темел.
Компанијата „AccWeather“ речиси тројно ја зголеми својата прелиминарна проценка за вкупната штета од шумските пожари во Калифорнија за само 24 часа.
Според најновата проценка, штетата би можела да биде и до 150 милијарди долари, додека првичната проценка на штетата била 57 милијарди долари.
Пожарите ги зафатија области каде се некои од најскапите недвижнини во САД. Противпожарната служба соопшти дека повеќе од 5.300 имоти биле уништени во пожарот во Пацифик Палисадес, елитно предградие на Лос Анџелес, додека меѓу 4.000 и 5.000 објекти биле оштетени или уништени во пожарот во Итон.
Аналитичарите на „Morningstar“ и „JP Morgan“ предвидуваат дека осигурувањето ќе плати загуби од над осум милијарди долари.
Бројот на загинати во пожарите што ја зафатија областа Лос Анџелес се искачи на 10, објавија американските медиуми. Во пожарите опусотшени се повеќе од 142 квадратни километри земја. Наредена е евакуација на околу 180.000 луѓе, јави Си-Би-Ес.
Најголемиот пожар во Пацифик Палисадес, елитно предградие на Лос Анџелес, беше локализиран шест проценти од четвртокот вечерта, според Калифорниското одделение за шумарство и заштита од пожари. Во моментов најмалку шест пожари беснеат во Лос Анџелес и соседната област Вентура, а ниту еден од нив не е локализиран, освен пожарот во Вудли.