Во селото Негровце, во општина Глоговац, пронајдени се останки на најмалку едно лице за кое постои сомневање дека е на списокот на исчезнати лица од периодот на косовската војна, соопшти денес косовската полиција.
Во четврток, според полицијата, се извршени ископувања на гробиштата во селото, пренесува КоСсев.
По тој повод, пронајдени се останки, за кои постои сомневање дека припаѓаат на најмалку едно лице кое е на списокот на исчезнати лица за време на косовската војна од 1998 и 1999 година.
Останките се испратени во Приштина, во Институтот за судска медицина, на судско вештачење.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
