Утре, започнува зимското сметање на времето кое се практикува и во земјава. Во 3 часот по полноќ, стрелките на часовниците се враќаат еден час наназад, што значи дека ќе покажуваат 2 часот.
Промената на времето се спроведува во согласност со важечките правила за сезонско сметање на времето. Со преминот кон зимско време, утрата ќе бидат посветли, но ќе се стемнува порано во попладневните и вечерните часови.
Зимското сметање на времето ќе важи до последниот викенд во март 2027 година, кога повторно ќе започне летното сметање на времето.
Иако поместувањето на часовникот за еден час изгледа како мала промена, кај некои луѓе може привремено да влијае врз ритамот на спиење и секојдневните навики. За полесно приспособување, се препорачува редовен распоред на спиење и повеќе изложеност на дневна светлина.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
