Давид Матески го постигна единствениот погодок пред преполните трибини на Биљанини Извори
ГФК Охрид Лихнидос ја продолжи својата одлична серија во Втората македонска фудбалска лига. Пред преполните трибини на градскиот стадион Биљанини Извори, домашниот тим го совлада ФК Работнички од Скопје со 1:0.
Победничкиот гол го постигна Давид Матески, со што Лихнидос ги освои трите бода и го задржа водечкото место на табелата.
Домашните играа целосно доминантно на теренот. Охрид Лихнидос го контролираше темпото од првата до последната минута и создаваше притисок врз гостите, кои ретко успеваа да ја преминат средината на теренот.
Во завршницата на натпреварот домашните имаа неколку добри можности да го зголемат резултатот, особено преку Каланоски и Росиќ, но нивните шанси останаа нереализирани. Благодарение на тоа, исходот остана на минималецот до самиот крај, но не и во прашање.
Со оваа победа ГФК Охрид Лихнидос останува на врвот на Втората македонска фудбалска лига, а навивачите на Биљанини Извори уште еднаш ја покажаа својата поддршка со полна трибина.
Фото Охридскај
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
