Background

Принцовите Вилијам и Хари направија редок заеднички гест во чест на принцезата Дијана

Принцовите Вилијам и Хари имаа заеднички повод да ѝ оддадат почит на својата покојна мајка, принцезата Дијана. Иако веќе со години се во нарушени односи и речиси и да немаат контакт, браќата направија редок гест во нејзина чест, испраќајќи посебни писма со честитки до добитниците на годинешните награди „Дајана“.

Станува збор за 198 млади луѓе од 44 земји, кои беа наградени за нивниот придонес во заедниците и заложбите за позитивни промени во општеството. Писмата од Вилијам и Хари им биле испратени по електронска пошта, а секој од браќата им се обратил одделно на добитниците.

Наградата „Дајана“ е основана во 1999 година, во спомен на принцезата, и претставува единствена добротворна организација што го носи нејзиното име, а која и двајцата принцови продолжуваат да ја поддржуваат. Таа ги препознава и охрабрува младите луѓе кои прават позитивни промени во своите заедници и пошироко.

- Advertisement -
Ad image

– Нивната храброст, сочувство и решителност да се справат со некои од најголемите предизвици во светот се моќен потсетник дека младите луѓе се двигатели на промените денес – изјави д-р Теси Оџо, извршна директорка на организацијата. Таа додаде дека овие млади луѓе го продолжуваат наследството на принцезата Дијана, речиси 30 години по нејзината смрт.

Последен пат Вилијам и Хари заедно се појавија на јавен настан во јули 2021 година, кога во градината на палатата Кенсингтон ја открија статуата посветена на мајка им. Настанот се одржа на денот кога Дијана ќе наполнеше 60 години. Иако заедно учествуваа во откривањето на споменикот, нивните односи и тогаш беа обележани со несогласувања.

Во годините што следуваа, браќата се среќаваа на некои семејни настани, меѓу кои и погребот на кралицата Елизабета Втора во 2022 година, но главно избегнуваа меѓусебна комуникација. Нивната оддалеченост особено дојде до израз и на поменот за нивниот чичко, лорд Роберт Фелоус, во 2024 година, кога, според сведоштвата на присутните, не разговарале.

Следната година ќе се навршат 30 години од трагичната смрт на Дијана, која загина во сообраќајна несреќа во Париз во август 1997 година. Вилијам тогаш имаше 15, а Хари само 12 години. Иако нивниот однос останува нарушен, споменот на мајка им и наследството што го оставила се едни од ретките нешта што сè уште ги поврзуваат.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖