Претседателот го најде во фиока додека потпишуваше уредби во живо

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Поранешниот претседател на САД, Џо Бајден му посака на претседателот Доналд Трамп „сè најдобро во следните четири години“ во писмото што го остави во една од фиоките на бирото на претседателот во Овалната соба, објави денеска Фокс њуз.

Трамп го пронајде рачно напишано писмо во понеделникот додека во живо потпишуваше извршни уредби, откако еден новинар го праша дали добил порака од Бајден. Трамп ја отвори фиоката и најде мал бел плик на кој беше испишано „47“ .

– Можеше да поминат години пред да го најдеме ова нешто. Леле, благодарам – рече Трамп.

Следнот ден, во вторникот вечерта Трамп рече дека го отворил писмото и го нарече „многу убаво“.

– Во суштина, тоа е инспиративно писмо, знаете? Врши добра работа. Мислам дека беше убаво писмо и треба да им дозволам на луѓето да го видат, бидејќи тоа беше позитивно за него – им рече Трамп на новинарите во вторникот вечерта.

Писмото, кое беше прочитано на Фокс њус во средата наутро, е насловено со „Почитуван претседателе Трамп“ и има два параграфи.

„Додека ја напуштам оваа важна служба, вам и на вашето семејство ви посакувам сè најдобро во следните четири години. Американскиот народ, и луѓето ширум светот,  очекуваат од оваа куќа стабилност во неизбежните бури на историјата, а мојата молитва е следните години да бидат време на просперитет, мир и благодет за нашата нација“ напишал Бајден.

Тој завршил со молитва: „Господ нека Ве благослови и води како што ја благослови и ја води нашата сакана земја од нашето основање“.

Поранешниот претседател Роналд Реган ја започна традицијата на пишување писма во 1989 година, оставајќи едно за неговиот потпретседател и наследник, Џорџ Х.В. Буш.Тој на парче хартија му напиша: „Не дозволувајте мисирките да Ве обесхрабрат“.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article