Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека помагањето на воздушната одбрана на Украина ќе биде една од темите на самитот на НАТО во Турција на 7 и 8 јули.
„Синоќа, рускиот режим повторно нападна (украински) цивили од воздух, со повеќе од 400 дронови и ракети насочени кон главниот град. На Украина итно ѝ е потребна посилна воздушна одбрана. За ова ќе разговараме оваа недела во Анкара на самитот на НАТО“, напиша фон дер Лајен во објава на социјалната мрежа X.
Таа додаде дека ЕУ минатата недела испратила четири од 90-те милијарди евра кредити за Украина, за напредна технологија на дронови што ќе ја зајакне одбраната од руски напади, и дека Украина наскоро ќе добие повеќе пари од кредитите.
Фон дер Лајен изјави дека ЕУ работи на постигнување договор за 21-виот пакет санкции за Русија во наредните денови.
„Ќе продолжиме да го зголемуваме притисокот сè додека Русија не го прекине крвопролевањето“, рече претседателката на Европската комисија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
