Background

ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ ДО МИНУС 8, ПА ПРИСТИГНУВА ДОЖД

По студеното утро, во текот на денот нè очекува сончево време со мала до умерена локална облачност. Температурите ќе бидат во минус во утринските часови, а дневните ќе достигнат до 12 степени. Промена на времето се очекува од среда, кога ќе пристигнат облаците и врнежите, а во четврток во западните делови се прогнозираат и над 30 литри дожд на квадратен метар.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во вторник времето ќе биде сончево и постудено, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, а наместа долж Повардарието повремено ќе биде засилен ветерот од северозападен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од минус шест степени во Маврово до минус еден степен во Гевгелија, додека максималните дневни ќе бидат од три степени во Маврово до 12 степени во Гевгелија.

- Advertisement -
Ad image

Во Скопје ќе преовладува сончево и постудено време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од минус три степени наутро до осум степени во текот на денот.

Во среда утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот времето ќе биде променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринските температури ќе се движат од минус осум до минус два степена, а дневните ќе достигнат од осум до 12 степени.

Позначителна промена се очекува во четврток, кога времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Според УХМР, врнежите ќе бидат пообилни во западните делови од земјата, каде што се очекува да наврнат над 30 литри дожд на квадратен метар.

Ќе дува умерен, а наместа повремено и засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат од два до шест степени, а максималните од шест до 10 степени.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖