Претседателката на англиската Фудбалска асоцијација, Деби Хјуит, побара од првиот човек на ФИФА Џани Инфантино да ги отвори документите за пропаднатиот проект „ФИФА Форвард Ентерпрајз“. Планот предвидувал приватен капитал да добие удел во комерцијалниот бизнис поврзан со Светското првенство и другите натпреварувања на ФИФА.
Хјуит, која е и потпретседателка на ФИФА, испратила писмо и до генералниот секретар Матијас Графстром. Таа бара целата документација да им биде достапна на членовите на Советот на ФИФА пред состанокот на 15 октомври.
Во центарот е прашањето како бил создаден проектот, кој учествувал во неговата подготовка и како бил избран потенцијалниот приватен инвеститор. Хјуит бара и независна проверка на целиот процес.
„ФИФА Форвард Ентерпрајз“ требаше да ги префрли комерцијалните и оперативните активности за натпреварувањата во посебна компанија. ФИФА тврдеше дека ќе ја задржи контролата и дека проектот ќе донесе дополнителни приходи за развој на фудбалот.
Но, проектот предизвика силен отпор. ФИФА на крајот се повлече од планот, а сега најавува дека анализата за пропаднатиот предлог ќе ја претстави пред својот Совет.
Хјуит отвора уште едно досие. Таа бара писмено објаснување за одлуката поврзана со суспензијата на американскиот напаѓач Фоларин Балогун, кој добил можност да продолжи да настапува на Светското првенство.
Притисокот врз ФИФА во меѓувреме се префрли и во судница. УЕФА побара од американски суд пристап до документи и сведочења поврзани со ФФЕ, кои би можеле да бидат употребени во евентуална постапка во Швајцарија. Засега против Инфантино нема поднесено такво обвинение.
ФИФА ги отфрла нападите и ја обвини УЕФА дека води „кампања за оцрнување“ на организацијата и нејзиното раководство. Европската централа, пак, инсистира на пристап до документацијата за пропаднатиот проект.
Новата битка се отвора неколку месеци пред изборите за претседател на ФИФА во март 2027 година, на кои Инфантино има намера повторно да се кандидира.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
