Background

Премиерот Мицкоски најави реконструкција и изградба на нов мост

Премиерот Христијан Мицкоски најави целосна реконструкција и изградба на нов мост во Велес, откако беше донесена одлука за затворање на постоечкиот мост поради висок ризик од колапс. Овој чекор, како што објасни премиерот, е неопходен за да се избегнат евентуални трагични последици.

– Градоначалникот ги објасни најголем дел од деталите поврзани со овој чекор. За жал, мора да го направиме ова бидејќи не сакаме да дојде до последици коишто ќе значат губење на човечки животи. Овој мост, изграден како времено решение во 1971 година од тогашната Армија, полека но сигурно стануваше трајно решение. По 53 години ништо не е направено, а сега сме доведени во ситуација да преземеме итни мерки – изјави премиерот Мицкоски.

Според експертите од Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, конструкцијата на мостот е во катастрофална состојба, со уништена арматура и бетонска структура. Како резултат на ова, донесена е одлука за забрана на секаков вид сообраќај преку мостот.

- Advertisement -
Ad image

– Еве, да видите како изгледаат хоризонталните носачи – уништени арматури, бетонска конструкција целосно деградирана. Припадниците на Министерството за внатрешни работи и специјалните единици веќе работат на снимање на состојбата, за да можат колегите од Градежниот факултет да изготват техничко решение. Очекуваме за максимум 90 дена да овозможиме привремен сообраќај барем во една лента – додаде премиерот.

Во меѓувреме, во тек е подготовка за изградба на нов мост, кој ќе биде лоциран на околу 50 метри подолу од постоечкиот. Премиерот објасни дека тендерот за избор на проектанти е во завршна фаза, а проектирањето се очекува да трае најмногу два месеци.

– Здравје боже, во втората половина од оваа година ќе започне изградбата на новиот мост. Подобро ние да ја понесеме политичката тежина за оваа одлука, отколку да ризикуваме загуба на човечки живот. Затоа сме тука, заедно со колегите од Владата, Министерството за транспорт, Министерството за внатрешни работи, пратениците, и градоначалникот – истакна Мицкоски.

Премиерот се извини на жителите на Велес за непријатностите што ќе ги предизвика зголемениот сообраќај низ градот во текот на реконструкцијата.

– Навистина жалам што мора да се случи ова, но подобро да преземеме вакви чекори сега, отколку да се соочиме со трагедија. Ви благодарам на трпението и разбирањето – порача премиерот

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation