Background

Прекини на електричната енергија се пријавени од Мадрид до Лисабон, оставајќи големи региони на Иберискиот Полуостров без струја

Прекини на електричната енергија се пријавени од Мадрид до Лисабон, оставајќи големи региони на Иберискиот Полуостров без струја.

Делови од метрото во Мадрид беа евакуирани, а семафорите во градот престанаа да функционираат, според локалните медиуми.

Извештаите наведуваат дека телефонските линии низ целата земја исто така беа во прекин.

- Advertisement -
Ad image

Компанијата Ред Електрика информираше дека работи со енергетските компании за што е можно побрзо враќање на електричната енергија.

„Причината сè уште се истражува, а сите ресурси се насочени кон решавање на проблемот. Ќе продолжиме да ве информираме“, соопшти шпанската мрежа.

Прекин на електричната енергија беше забележан и во железничката мрежа Адиф, што доведе до нарушување на железничкиот сообраќај низ цела Шпанија. Неколку авиокомпании пријавија прекини и на аеродроми, како што е Мадрид-Барахас.

Прекин има и во авионскиот превоз.

„Воздушниот сообраќај во Шпанија и во Португалија е засегнат од широко распространетите прекини на електричната енергија што ги погодуваат обете земји. Будно ја следиме ситуацијата“, објави „FlightRadar“ на социјалната мрежа Икс.

Граѓаните на Андора и делови од Франција кои се граничат со Шпанија исто така пријавиле дека биле погодени од прекинот на струја. Понатамошни прекини се пријавени дури и до Белгија, според последните информации.

Причината сè уште не е јасна. Меѓутоа, локалните медиуми извештаваат за проблеми со европската електрична мрежа, која влијаела на националните мрежи на Иберијскиот Полуостров. Како можна причина е идентификуван и пожар на југозападот на Франција, на планината Алари, кој ја оштетил далеководната мрежа на висока напон помеѓу Перпинјан и источниот Нарбон.

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation