Пратеникот Љупчо Пренџов е избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Одлуката била донесена на вчерашната седница на Извршниот комитет на партијата.
Пренџов му се заблагодари на партискиот претседател Христијан Мицкоски за довербата, како и на членовите на Извршниот комитет за поддршката. Тој оцени дека новата функција претставува ново поглавје во неговиот политички ангажман и порача дека ќе се посвети на работата и на исполнувањето на преземената одговорност.
– Му благодарам на претседателот Христијан Мицкоски за укажаната доверба, како и на членовите на Извршниот комитет за поддршката. Ова за мене претставува ново поглавје во политичкиот ангажман, кое го започнувам со јасна определба – довербата да ја оправдам со личен ангажман, доследност и конкретна работа. Продолжуваме со јасна цел, заедничка посветеност и одговорност кон партијата и кон Македонија. Довербата е обврска. Одговорноста е да се оправда со работа и резултати – напиша Пренџов.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
