Background

Прашање на денови е кога ќе се пушти пругата кон Бугарија, долга 30 километри

Пуштање на првата фаза од експресниот пат Прилеп-Градско и пругата кон Бугарија на потегот од Куманово до Бељаковце, како и за моменталните активности на автопатот Охрид-Кичево, беа дел од темите за кои зборуваше вицепремиерот и министерот за транспорт Александар Николоски во Вечерното шоу на Богдан Илиевски.

Во однос на изградбата на првата фаза од пругата кон Бугарија, министерот истакна дека изградбата е во крајна фаза и во прашање се денови кога ќе се пушти во употреба оваа пруга во должина од 30 километри.

– Пругата е веќе при крај и во многу брз период ќе биде пуштена, со што ќе имаме целосно функционална пруга од Скопје, преку Куманово до Бељаковце. Успеавме да ги придвижиме работите заедно со директорот на ЈП Железници – инфраструктура и работите на вториот дел од делницата, а тоа е од Бељаковце до Крива Паланка, или за делница во должина од 34 километри, која очекувам да е готова некаде до 2027 година и потоа ќе остане третиот дел кој ќе треба да значи поврзување со Бугарија, кога ќе успееме технички да ги затвориме тие работи – истакна министерот Николоски.

- Advertisement -
Ad image

Во однос на изградбата на автопатот Охрид-Кичево, Николоски потсети дека пред почетокот на летната сезона годинава, ќе биде пуштен во употреба најголемиот дел од трасата на автопатот или околу 40 километри, а истиот ќе биде завршен до крајот на 2026 година.

Министерот Николоски зборуваше и за активностите на изградбата на коридорот 10д, каде што во моментов се завршени работите околу изградбата на првата фаза од експресниот пат Прилеп-Градско, на потегот од Градско до Дреново.

–  Првата фаза е речиси готова и во наредните денови ќе следува пуштање во употреба. Втората фаза ќе биде готова до март месец годинава – истакна тој и додаде дека со изградбата на овој патен правец и на автопатот Прилеп-Битола, Пелагонија ќе доживее целосна ренесанса и ќе добие модерно и брзо поврзување со останатиот дел од државата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation