Пожарот во Лос Анџелес однесе 11 животи, зголемувајќи ги обвинувањата против спасувачките служби

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Firefighters survey the remains of homes following the Palisades Fire in the Pacific Palisades neighborhood in Los Angeles, California, U.S. January 10, 2025. REUTERS/David Ryder
- Advertisement -
Ad image

Бројните пожари кои четврти ден по ред беснеат низ Лос Анџелес однесоа најмалку 11 животи. Ветерот што го разгорува пожарот почна да слабее во петокот, додека критиките за работата на спасувачките и другите служби ангажирани во справувањето со природната катастрофа се се погласни.

Поради грабежот што следеше во погодените, евакуирани области, во реоните на Палисадес и Алтадена беше воведен строг полициски час од 18 часот до 6 часот. Ова се и областите кои претрпеа најмногу штети во пожарите.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, демократ, во петокот нареди „сеопфатна независна истрага“ за службата за дистрибуција на вода во државата.
Гувернерот ги опиша дефектите во водоснабдувањето и губењето на притисокот во хидрантите на почетокот на катастрофата, што придонесе за ширење на пожарот, како „крајно вознемирувачки“.

Потребни ни се одговори за да знаеме што се случило“, рече гувернерот во отвореното писмо.

11 луѓе ги загубија животите во разорните пожари, делови од вториот по големина град во САД беа целосно уништени: 10.000 згради и домови исчезнаа, а повеќе од 14.000 хектари земја изгореа.

Претседателот Џо Бајден рече дека сето тоа го потсетува на воените сцени со бомбардирани области.

Во моментов се активни пет пожари, од кои најголемиот досега изгоре повеќе од 8.000 хектари земјиште во близина на Малибу и населбата Пацифик Палисадес.

Иако ветрот слабее, што им помага на пожарникарите, најавени се нови евакуации во областа Пацифик Палисадес.

Дин Крисвел од Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА) рече дека ситуацијата „останува многу опасна“.

- Advertisement -
Ad image

Пред да биде воведен полициски час и да се распоредат силите за спроведување на законот за да се спречи грабежот, жителите се самоорганизираа за да го заштитат она што остана од нивните домови и населби.

Share This Article