Background

Поранешниот комичар барал специјален шампон, таблети против паѓање на косата, дополнителни ќебиња

Расел Бренд (51) минатата недела беше преместен во затворот „ХМП Литлхи“ од категорија Ц, каде што го започнува отслужувањето на 10 и пол годишната затворска казна за силување и сексуален напад.

Тој веќе составил список со необични барања, откако во петокот бил преместен во најголемиот затвор за сексуални престапници во Европа.

Неговото преместување предизвикало изненадување меѓу затворскиот персонал, а се шпекулира дека причината за преместувањето можеби била загриженоста за неговата безбедност, како и проценката дека претставува мал ризик од бегство.

- Advertisement -
Ad image

Бренд им соопштил на своите следбеници, преку својата посветена сопруга Лаура, дека новата ќелија му е „убава“, иако пред него се најмалку шест и пол години затвор пред да може да биде пуштен на условна слобода.

Сепак, пензионираната затворска управничка Ванеса Фрејк изјавила дека одлуката целосно ја збунила. За „Сан“ рекла:

– Апсолутно сум запрепастена што се наоѓа во затвор од категорија Ц.

Неговиот висок јавен профил, природата на кривичните дела за кои е осуден и неговата ранливост на напади сигурно биле земени предвид во проценката на ризикот. Но, изненадена сум што толку брзо го префрлиле во затвор од категорија Ц. Сметав дека категорија Б би била посоодветна.

Моли за дополнителни ќебиња

Ѕвездата на емисијата „Sunday Service“, кој во „Литлхи“ има сопствена ќелија, веќе поставил неколку барања по пристигнувањето во петокот, меѓу кои и побарал од затворскиот персонал дополнителни ќебиња, тврдат извори.

– Се слушнало како уште првата вечер бара ќебиња, а откако пристигнал, за него се грижат и дополнителни службеници – изјавил извор за „Сан“.

Потврдувајќи дека Бренд има сопствена ќелија, изворот додал:

– Има своја ќелија и сè уште не стапил во контакт со ниту еден од другите затвореници.

Специјален шампон и таблети против опаѓање на косата

Освен што побарал дополнителни ќебиња, Бренд побарал од чуварите да му дозволат да ги користи и своите специјални шампони и таблети против опаѓање на косата, бидејќи се плаши дека зад решетки ќе ја изгуби препознатливата коса.

Таткото на три деца, наводно, користи кофеински шампон „Алпецин“ и таблети „Пропеција“, кои се наменети за лекување на машкиот тип ќелавост и се издаваат само на лекарски рецепт.

– Правеше голема драма затоа што е загрижен дека ќе му падне косата. Не му дозволуваат да ги користи бидејќи не се неопходни. Се сметаат за козметички производи – изјавил еден извор.

Јога, фудбал и оригами

Затворот „Литлхи“, во кој се сместени 1.200 машки сексуални престапници, на Бренд му нуди можност да учествува во фудбалска лига, да игра друштвени игри, да посетува часови по оригами и да учествува во хорски активности.

Затворот располага и со сала за куглање во затворен простор, две спортски сали и неколку простории за спортски активности.

Наводно, установата им нуди на затворениците голем избор на активности, меѓу кои и организирање фудбалска лига меѓу различните затворски крила.

„Ова е убаво“

Бренд наводно бил преплашен кога првпат влегол во „Литлхи“, но откако ја видел својата ќелија, ѕвездата на „Sunday Service“ коментирал:

– Ова е убаво. Добрата вест е тоа што веќе видов дека персоналот овде е цврст, љубезен и посветен – пренела неговата сопруга Лаура во морничава порака до следбениците на Бренд, додека продолжува да ја води нивната заедничка емисија „Sunday Service“.

Бренд кој е наводно сместен во самостојна ќелија во крилото Е на затворот „ХМП Литлхи“ и сè уште немал контакт со другите затвореници.

Сепак, тој ги повикал своите следбеници да се молат за затворениците во „Литлхи“, велејќи:

– Што се однесува до моите затворски другари, сега знам дека немам право да осудувам никого.

Потоа ги повикал следбениците да им простат на другите затвореници:

– Не знам кои од другите мажи овде се невини, а оние што се виновни се луѓе за чие спасение Христос умрел, исто како за вас и за мене. Да се сакаме, да се молиме едни за други и да си простуваме, како што Бог ни прости нам.

Морничава порака од затворот

Во морничава порака што ја пренела неговата посветена сопруга Лаура, Бренд го потврдил пристигнувањето во „Литлхи“, истовремено продолжувајќи да ја негира вината.

Седната на софата во нивниот дом и облечена во џемпер на риги, мајката на три деца читаше од тетратка:

– Возљубени браќа и сестри во Христа, Бог да ве благослови за вашата поддршка. Како што знаете, не сум виновен за делата за кои сум затворен, па затоа се случува нешто чудно.

Добрата вест е дека Христос е со нас кога ќе го избереме, а јас го избирам.

Потврдувајќи дека Бренд е затворен во „ХМП Литлхи“, таа продолжи:

– Јас сум затворен во „ХМП Литлхи“. „Литл“ како мало, а „хи“ како поздрав – еј, јас сум во најголемиот затвор за сексуални престапници во Европа…

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖