Background

Поранешната прва дама на Јужна Кореја правосилно осудена за корупција

Поранешната прва дама на Јужна Кореја, Ким Кон-хи, е осудена на четири години затвор по обвиненија за корупција и вмешаност во шема за манипулација со цените на акциите. Врховниот суд на Јужна Кореја денеска ја потврдил пресудата на Апелациониот суд, со што затворската казна станала правосилна.

Покрај четиригодишната затворска казна, Ким е осудена и на парична казна од 50 милиони вони, односно околу 34.226 евра, објави јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“.

Одлуката била донесена на седница што се пренесувала во живо. Ова е првпат поранешна прва дама на Јужна Кореја да добие конечна затворска казна за кривични дела.

- Advertisement -
Ad image

Ким Кон-хи се соочи со обвиненија дека учествувала во манипулација со цената на акциите на компанијата Дојче Моторс, дилер на автомобили БМВ во Јужна Кореја, со цел да се оствари незаконска добивка од 810 милиони вони во периодот од 2010 до 2012 година.

Дополнително, таа беше обвинета дека примила две луксузни чанти од Шанел и дијамантски ѓердан од брендот Граф од поранешен функционер на Црквата на обединувањето. Според обвинението, тој ѝ ги подарил скапите предмети барајќи за возврат одредени услуги.

Окружниот суд во јануари ја осуди Ким на 20 месеци затвор за примање луксузни подароци. Сепак, Вишиот суд во Сеул подоцна ја зголемил казната и ја прогласил за виновна и за манипулација со цените на акциите.

Со одлуката на Врховниот суд, пресудата станала конечна.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖