Полицијата во Цетиње трага по напаѓачот Ацо Мартиновиќ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Полициската управа на Црна Гора вечерва објави фотографија од Ацо Мартиновиќ (45), осомничен за повеќекратните убиства во Цетиње, што ги изврши попладнево.

Тој е во бегство, по него трагаат специјалци.

Според она што досега е познато, Мартиновиќ убил најмалку 6 лица.

Мартиновиќ бил во конфликт со Д.К. со кого се сретнал во кафана во населбата Бајице. Потоа отишол дома за да земе пиштол, по што се вратил во кафеаната и почнал да пука. Во полициското соопштение пишува дека во угостителскиот објект Мартиновиќ убил најмалку 4 лица, меѓу кои и членови на неговото семејство, по што вооружен го напуштил објектот и побегнал.

По масакрот продолжил со крвавиот пир. Во населбата Богданов ги убил двете деца на сопственикот на ресторанот и ранил една жена.

Меѓу другите, убиени се: М.В., Р.М. и Б.М.

Според досегашните сознанија, Мартиновиќ не е поврзан со ниту една организирана криминална група, но од порано бил препознаен како лице со афективно однесување. Тој бил апсен за недозволено поседување оружје.

„Апелираме до граѓаните на Цетиње да останат присебни и да останат во своите станбени објекти. Сите расположливи полициски единици се на терен и преземаат активности од нивна надлежност со цел да ја стават ситуацијата под контрола и да ги гонат сторителите. Ја информиравме јавноста дека се работи за ситуационен настан, кој не е последица на пресметкаа на високоризични организирани криминални групи“, соопшти денеска црногорската полиција.

Share This Article