Background

Полицијата во јули констатирала 20.976 сообраќајни прекршоци и лишила од слобода 496 лица за безобѕирно управување на возило

Полицијата во јули констатирала 20.976 сообраќајни прекршоци и лишила од слобода 496 лица за безобѕирно управување на возило.

Во периодот од 01-31.07.2026 како резултат на редовните сообраќајни контроли од вкупно 20.976 издадени платни налози, 4.241 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 496 лица, од кои 81 за возење под дејство на алкохол, 373 за возење без возачка дозвола, 25 поради претходно изречена забрана за управување на моторно возило, 3 за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, 13 за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, едно лице за возење во забранет правец.

- Advertisement -
Ad image

Во истиот период одземени се 332 возила по член 300-б од Кривичниот законик.

Во текот на јули евидентирани се 4.694 прекршоци за неправилно паркирање, како и 430 санкции за возење под дејство на алкохол.

Санкционирани биле 2.073 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, како и 1.829 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 299 возила биле отстранети од сообраќај поради тоа што биле нерегистрирани, а 125 поради техничка неисправност. Санкционирани се и 44 возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).

Сообраќајните контроли продолжуваат а полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation