Граѓаните кои имаат платежни сметки во Алта банка АД Битола, а немаат платежни картички, од четврток, 5 ноември 2026 година, ќе можат да подигнат пари од шалтерите во главната филијала на банката во Битола, соопшти Народна банка (НБ).
Исплатата ќе се врши во текот на повеќе денови според распоред, за кој граѓаните ќе бидат известени преку СМС-порака, со наведување на денот и часот кога треба да дојдат во филијалата.
-Ги замолуваме граѓаните да се придржуваат до добиените термини и да не доаѓаат во филијалата во деновите во кои не се повикани и пред времето за кое се повикани на конкретниот ден, со цел да се избегнат гужви и подолго чекање – велат од НБ.
За да се реализира исплатата, наведуваат од НБ, ќе бидат отворени повеќе шалтери на адресата улица Добривое Радосављевиќ бр. 21 во Битола.
Исплатата ќе биде достапна за граѓаните, а особено за пензионерите и примателите на социјална помош, кои средствата ги добиваат преку платежни сметки во банката, но немаат платежни картички.
Граѓаните ќе можат да подигнат до 20.000 денари, што е максималниот износ дозволен за повлекување во период од две недели.
Од 6 ноември, вклучително и сабота 7 ноември, филијалата ќе работи во две смени, со цел да се опслужат што поголем број клиенти.
За оние кои нема да бидат во можност да дојдат во определениот термин, ќе бидат обезбедени дополнителни термини.
Шалтерите ќе бидат наменети исклучиво за подигање готовина, при што нема да се вршат други видови трансакции.
Од Народна банка велат дека се работи на подготовка за отворање на шалтерите за пензионери и приматели на социјална помош и во други градови во земјата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
