ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ
Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на Медицинскиот факултет во Скопје.
Веста за неговата смрт ја сподели министерот за здравство Сашо Клековски, кој истакна дека Спировски оставил длабока трага во македонското здравство со својата долгогодишна работа и посветеност.
Клековски изрази сочувство до семејството, колегите и сите што го познавале.