Background

ОКТОМВРИ БИЛ СТУДЕН НА БАЛКАНОТ, НО ГОДИНАТА МОЖЕ ДА Е ВТОРА НАЈТОПЛА

Планетата Земја е на пат да ја заврши 2026 година како втора најтопла во историјата на мерењата, со можност дури и да го собори апсолутниот рекорд поставен во 2024 година.

Додека планетата го бележела најтоплиот октомври, јужниот дел на Балканот, Грција, јужна Италија и источниот Медитеран имале температури пониски од вообичаените. Во делови од овие региони отстапувањето достигнувало околу 2 степени под просекот.

Спротивно на тоа, во западниот дел на Антарктикот температурите биле повеќе од седум степени над просекот, а на одредени места дури до 11 степени повисоки.

- Advertisement -
Ad image

Земено глобално, октомври веќе стана најтоплиот октомври досега, а според европската климатска служба „Коперник“, постои 20% веројатност годинава да го изедначи или надмине досегашниот годишен рекорд.

Најтопла година во историјата на мерењата засега останува 2024, кога глобалната температура била за 1,60 Целзиусови степени повисока од прединдустрискиот просек. На второто место е 2023, додека 2025 завршила трета, со разлика од само 0,01 степен во однос на претходната година.

Но, 2026 веќе ги надминува резултатите од 2023 и 2025 за истиот период од годината. Според податоците за првите десет месеци, глобалната температура била за 0,07 степени пониска од рекордната 2024, но за 0,05 степени повисока од 2023.

Просечната температура на планетата во октомври изнесувала 15,35 степени, односно 1,75 степени над прединдустриското ниво. Тоа бил трет последователен месец во кој глобалното затоплување го надминало прагот од 1,5 степени.

Интересно е што рекордната глобална топлина не се почувствувала подеднакво во сите делови на светот.

Дополнителен фактор за рекордните температури е засилувањето на климатската појава Ел Нињо во Тихиот Океан.

Просечната температура на морската површина надвор од поларните региони во октомври достигнала 20,95 степени, што е нов рекорд за овој месец.

Во тропскиот Пацифик, во областа што научниците ја користат за следење на Ел Нињо, температурата на морската површина достигнала 29,94 степени. Отстапувањето од вообичаените вредности изнесувало 3,21 степени, надминувајќи ги рекордите од претходните силни епизоди на оваа климатска појава.

„Во тропскиот дел на Тихиот Океан Ел Нињо продолжува да зајакнува, при што температурата на морската површина во регионот што научниците го користат како главен показател за следење и дефинирање на оваа климатска појава достигна историски максимум“, соопшти „Коперник“.

Според сегашните пресметки, просечната глобална температура за целата 2026 година се очекува да биде меѓу 1,56 и 1,61 степен над прединдустриското ниво.

Ако прогнозата се оствари, 2026 ќе стане втората календарска година, по 2024, со просечна температура над 1,5 степени.

Четиригодишниот просек за периодот 2023–2026 исто така се очекува да го надмине овој праг.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖