Background

По свирежот за крај се степаа, а потоа им свртеа грб на победниците

Лионел Меси и неговите соиграчи го имаа можеби најлошото издание на Мундијалот во синоќешното финале и по поразот својот револт поради изгубената титула го покажаа со боксови.

Откако судијата Славко Винчиќ свирна крај на натпреварот, почна вербален конфликт меѓу капитенот на Шпанија Родри и Аргентинецот Науел Молина. По кратката расправија и меѓусебното туркање се гледа како Родри паѓа на земја, додека Молина замавнува кон него.

Во инцидентот беше вклучен и Леандро Паредес, кој го зграпчи за врат шпанскиот играч Ерик Гарсија, а потоа го нападна Гави.

- Advertisement -
Ad image

 

Иако натпреварот беше завршен Паредес доби црвен картон за неспортско однесување и ќе биде казнет од ФИФА.

Срамното однесување на Аргентинците продолжи и во текот на церемонијата на доделување на медалите. Тие им свртеа грб на шпанските фудбалери во моментот кога го креваа пехарот и ја славеа победата.

 

Меси покажа неспортско однесување и кога пред крајот на натпреварот, Шпанецот Кубаси лежеше на тревата по повреда. Кукуреља му се приближи на Меси и ја прекри устата со рака за да му покаже дека на Кубаси му е повредена устата. Меси истрчаа до судиите и проба да им влијае да му дадат црвен картон на Кукуреља зашто прекривање на устата е на листата прекршоци кои се казнуваат со црвен картон. Судијата не го санкционираше Кукуреља, а Меси стана цел на потсмев.

„Дури и кралот на фудбалот покажа подли движења – ова воопшто не му прилега“, пишуваа фанови на Твитер.

И поранешниот британски фудбалер Вејн Руни го осуди неспортскиот потег на Меси.

– Потег направен од очај. Но, Аргентина така игра, знаеме дека го прави тоа. Сите сакаме спортско однесување. Беше тажно да се види Лионел Меси како го прави тоа – рече Руни.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation