Четири лица се повредени денес, меѓу кои и двајца полицајци, во експлозија што се случи на влез од станбената зграда во атинската населба Колонос, објави порталот Прототема.
Еден од полицајците е тешко повреден, но неговиот живот не е во опасност, додека двајца цивили и уште еден полицаец се здобиле со малку полесни повреди и се хоспитализирани.
Се претпоставува дека експлозијата е резултат на стапица поставена за полицијата.
Полицијата пристигнала на местото на настанот откако добила телефонска пријава за сомнителен предмет. Лицето кое се јавило пријавило дека предметот, куфер, содржи дрога. Меѓутоа, кога полицијата пристигнала на местото на настанот, се случила експлозија на влезот од зградата, каде што наводно се наоѓал куферот.
18 пожарникари од шест возила интервенирале на местото на настанот, а присутни биле и полициски сили. Еден од очевидците рекол дека тој и неговите пријатели, откако слушнале силен тресок, прво помислиле дека се случила сообраќајна несреќа. Кога излегле надвор, виделе чад, а малку подоцна дознале дека експлодирала бомба.
Реакцијата на надлежните служби била итна, а амбулантните возила и полициските сили пристигнале на местото на настанот за само пет минути. Полицијата го третира случајот како многу сериозен и во овој момент не може да се исклучи можноста дека станува збор за стапица наменета да им наштети на полицајците, наведува порталот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
