Background

По четврти пат се одложи повтореното судење за пожарот во тетовската модуларна болница

По четврти пат се одложи повтореното судење за пожарот во тетовската модуларна болница. Исто како и на рочиштето нс 5 ноември 2024 година, и денес рочиштето се одложи поради отсуство на судијата Јордан Велковски, кој е на боледување.

Судијката која го заменува го закажа почетокот на судењето за 18 март 2025 година во 10 часот.

Судењето за пожарот во модуларната болница за лекување на болни од ковид, која работеше во рамки на Клиничка болница Тетово се повторува по решението на Апелацискиот суд Гостивар, по јавната седница во април 2024 година. Првичната пресуда за одговорноста за пожарот што се случи на 8 септември 2021 година и во кој загинаа 14 луѓе беше донесена на 5 јуни 2023 година.

- Advertisement -
Ad image

Првиот обид за повтореното судење беше на 26 јуни 2024 година, па се одложи за 25 септември, но ниту тогаш не се одржа.

Апелацискиот суд наложи повторно да им се суди на поранешните директори на тетовската болница Флорин Бесими и Артан Етеми, како и  на правното лице ЈЗУ Клиничка болница Тетово. За докторот Бобан Вучевски, гостиварската апелација ја одби жалбата на Обвинителството и ја потврди првостепената ослободителна пресуда.

Во првостепената пресуда Основниот суд Тетово одреди условна осуда за обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“, а болницата беше прогласена за виновна за делото „предизвикување општа опасност“. Судот донесен ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски и за Клиничката болница за делото „непостапување по здравствени прописи“.

Според пресудата, на обвинетите Бесими и Етеми им беше утврдена казна затвор од по 1 година и 6 месеци, условна осуда, со тоа што утврдената казна затвор нема да се изврши доколку обвинетите во следните 3 три години не сторат ново кривично дело. Правното лице треба да плати парична казна во висина од 1 милион денари, 30 дена по правосилноста на пресудата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation