Background

Пиштолџија од Кондово му се заканувал на дете

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривични дела „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи“ од член 396 став 3 и „Загрозување на сигурноста“ од член 144 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 35-годишник, во неговиот дом во Кондово неовластено држел полуавтоматски пиштол „Црвена застава мод.70“ калибар 7,65 мм, со две рамки и 24 куршуми.

„Од февруари до 07.04.2025 година, преку апликацијата Ватсап осомничениот во неколку наврати сериозно се заканувал дека ќе нападне врз животот или телото на оштетено дете и врз животот и телото на таткото на детето. Со цел да се пофали дека поседува огнено оружје, осомничениот најпрво во февруари на телефонскиот број кој во тој временски период го користело детето, испратил видео клип на кој се гледа како пука со автоматска пушка додека бил на некоја свадба. Детето тоа видео го зачувало на телефонот. На 07.04.2025 година, кога детето веќе користело друг телефонски број, осомничениот, преку апликацијата му се јавил и му упатил сериозни закани дека ќе го убие него и неговиот татко, доколку ја објави снимката со автоматската пушка.

- Advertisement -
Ad image

По неколку часа повторно му се јавил на детето и на висок тон продолжил со заканите, предизвикувајќи чувство на несигурност и страв кај него“, се наведува во соопштението.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело.

МВР информира дека денеска полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Ф.(35) од село Кондово, скопско. По претходно обезбедена наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес на дом и други простории кај Б.Ф. во село Кондово, при што е пронајдено пиштол „застава3 калибар 7.65 со една рамка со нн калибар куршуми.
 Против Б.Ф. ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 396 од и чл. 144 од КЗ по итна постапка.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation