Background

Перински одговори на обвинувањата на опозицијата

Министерот за локална самоуправа Златко Перински заедно со неговиот заменик Ерџан Селими, денеска, во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“ ја посетија Општина Ѓорче Петров каде остварија средба со градоначалникот Александар Стојкоски и членовите на општинскиот Совет.

Како што посочи Перински, караванот „Каде што срцето е дома“ е од исклучителна важност за Министерството за локална самоуправа, бидејќи во рамки на овие средби има можност да разговара директно со креаторите на локалните политики, но, како што рече, и да ги слушне реалните потреби на граѓаните кои ги покани на средба утре во 18.30 часот во Домот на културата.

– Оваа општина за нас е исклучително важна и специфична, бидејќи покрај урбаниот дел има и рурален дел и навистина е тешко да направите баланс во рамки на инвестициите за да биде напредокот на општината на едно изедначено ниво, а со тоа да го искористите целиот потенцијал која самата општина ви го нуди. Овој караван кој го нарековме „Каде што срцето е дома“ е исклучително битен, од една страна имаме можност да разговараме директно со креаторите на локалните политики, како и од друга страна, да ги слушнеме реалните потреби и желби на граѓаните кои што за нас се исклучително важни и на тој начин можеме да донесеме заклучоци или предлог решенија кои ќе ги надминат предизвиците на двете страни – посочи Перински.

- Advertisement -
Ad image

Прашан дали ваквите посети на општините значат почетокот на предизборната кампања, Перински рече „основната работа на Министерството за локална самоуправа се локалните самоуправи, тоа е нешто што ние на дневна основа го работиме“.

– Основната работа на Министерстовото за локална самоуправа се локалните самоуправи, тоа е нешто што ние на дневна основа го работиме. Покрај локалната политика третираме и регионален развој. Затоа споменав во мојата изјава дека Општина Ѓорче Петров е исклучително битна заради тоа што има и урбан и рурален дел. Точно дека некој ова го предвидува како почеток на предизборна кампања, но јас не се согласувам со таа констатација заради тоа што обврска на министерот е да ги посети локалните самоуправи и да го осознае нивното секојдневно работење за да ги подобри состојбите – рече Перински.

Градоначалникот Стојкоски, пак, истакна дека на денешната средба ќе биде разговарано и за предвидените измени на Законот за локална самоуправа, но, како што рече, и за теми од секојдневието на жителите на Општина Ѓорче Петров.

– Ќе разговараме и за предвидените измени на Законот за локална самоуправа, во еден дел, меѓутоа ќе отвориме многу теми од аспект на секојдневието на жителите во Општина Ѓорче Петров. Исклучително сме задоволни од соработката со Владата и од проектите коишто ги добивме со првиот повик, се спремаме сега за проектите од вториот повик. Набрзо ќе аплицираме и во овој дел – истакна Стојкоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation