Партијата на Власите го избра Стерјо Папули за нов претседател. Како што соопштуваат од партијата, Папули е избран на последниот состанок на Републичкиот одбор на партијата.
Новото раководство ќе продолжи со континуирана и посветена работа во интерес на нашата заедница, во насока на остварување на стратешките цели и принципи што ги застапува партијата, се наведува во соопштението.
Новиот претседател ја истакнал важноста на заедништвото и визијата за понатамошен напредок, потенцирајќи дека „секој наш чекор денес е инвестиција во иднината на нашите граѓани и генерации што доаѓаат“.
– Партијата на Власите во Македонија останува доследна на својата мисија да биде силен застапник на правата и интересите на Власите во Република Македонија и активен чинител во креирањето на политики кои ќе придонесат за општествен и економски развој. Нашата визија е јасна: да создадеме општество каде што нашата заедница ќе биде препознаена, почитувана и вклучена во сите аспекти на општествениот живот – истакнал Папули.
Tagged as:
ПАРТИЈАТА НА ВЛАСИТЕ ИМА НОВ ЛИДЕР Стерјо Папули е избран за претседател
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
