Париската полиција и француското Министерство за внатрешни работи остро го осудија бруталниот инцидент во кој група демонстранти бркала, соборила и клоцала млада полицајка на улица во Париз, притоа упатувајќи ѝ смртни закани.
Вознемирувачката снимка од нападот, која се појави во јавноста, предизвика бројни реакции низ Франција.
На видеото се гледа драматична потера во која група млади трча по припадничката на полицијата, извикувајќи „Убијте ја!“ и упатувајќи ѝ навреди.
Еден од напаѓачите успеал да ја стигне и да ја собори на асфалтот, по што останатите ја опколиле.
Според информациите што париската полиција ги потврди за весникот „Ле Фигаро“, додека полицајката неподвижно лежела на земја, била удрена повеќепати со нога.
Од полицискиот синдикат „Алијанс Полис“ остро реагирале на снимките, оценувајќи ги сцените како недозволиви и наведувајќи дека полицајката била „прогонувана како плен“.
Инцидентот се случил во четвртокот попладне на авенијата Гамбета, во 20-тиот арондисман во Париз, на маргините на масовните протести и блокади организирани од средношколци.
Жртвата на нападот е млада поручничка на стажирање, која тој ден била испратена како засилување на блискиот плоштад Огист-Метивие, во 11-тиот арондисман.
Според полицијата, ситуацијата на теренот во текот на денот ескалирала, откако околу стотина демонстранти директно се свртеле против безбедносните сили.
До нападот дошло во моментот кога младата поручничка накратко застанала за да ја земе од земја полициската радио-станица што ѝ паднала. Тогаш разјарената група ја стигнала и започнала отворен напад, придружен со смртни закани.
Поради масовните протести на средношколците во Франција, уапсени се 1.763 лица, од кои 90 отсто се малолетници. Повредени се и 119 ученици и членови на училишниот персонал, како и 83 полицајци и жандарми, пренесува италијанскиот весник „Кориере дела сера“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
